Магичен ден за децата
После успешно завршената акција во соработка со Рамсторе Малл, Клубот на млади при Црвен крст на град Скопје со собраните средства од акцијата изработи 60 пакетчиња,
кои беа поделени во 2 дневни центри за деца со церебрална парализа (Капиштец и нас. Железара.)Со цел оваа посета да биде што повозбудлива, покрај волонтерите од клубот на млади, центрите ги посети и магионичар кој изведуваше разни трикови и кој придонесе децата одлично да се забавуваат. Се создаде една пријатна атмосфера, огромно беше задоволството да се видат сите тие насмеани лица кои со големо внимание го следеа магионичарот Кристијан и се трудеа да научат по некој трик. На крајот од забавата Волонтерите освен пакетчиња на децата им поделија и пици кои во оваа пригода за нив ги донираше пицерија Густо.