Пребарувај по датум:
2022-03-04

Љубовни ноти

Во хотел Limak Skopje Luxury Hotel по 14-ти пат се одржа хуманитарниот концерт “Љубовни ноти”. Присутните ја чувствуваа хуманоста и нејзината важност особено кога треба да се мобилизира заедницата и да се помогне онаму каде што е потребно. Посебно им благодариме на водителката Маријана Станојковска како и на изведувачите Дарко Гроздановски, Ана Петановска, Лара Иванова, Стефан Неделковски, Јана Спиркоска, Ангела Спировска, Андреј Димоски,Александар Спасенцовски, Иван Узунов, Марјан Наковски и Андреј Јовановиќ како и на нашата овогодинешна претставничка на песна за Евровизија Андреа Коеска.

Сите тие се млади изведувачи кои со самиот позитивен одговор на нашата иницијатива покажаа и докажаа дека се грижат, помагаат, носат во себе нешто поразлично што заслужува почит.

Собраните средства ќе се наменат за пациентките на клиниката за Онкологија кои заедно со членките на здружението “Животна искра” секоја година ги посетуваме на 8-ми март и им подаруваме мали подароци во знак на внимание и поддршка кон нивната борба со ова заболување.

 

За време на настанот беа почитувани протоколите за заштита од Ковид-19.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.