“Љубовни ноти”
Концерт „Љубовни ноти“ беше инициран пред 11 години а оваа година концертот се реализираше на 25 февруари (вторник) во Skopje Marriott Hotel во соработка со средното музичко училиште “Илија Николовски-Луј”.
Темата на овогодинешниот концерт беше „ВРЕМЕПЛОВ“, и на истиот се изведоа безвременски хитови од домашната и странска музичка сцена. Гостите на настанот, со донација во касичките на Црвениот крст, ја поддржаа хуманата иницијатива која исто така премина во традиција. Имено, сите собрани средства од концертот, се наменети за купување на пригодни подароци на жените оперирани од канцер, кои заедно со членките на здружението „Животна искра“, ќе ги посетиме на 8-ми март, на клиниката за Онкологија и ќе им подариме мали подароци во знак на внимание и поддршка кон нивната борба со ова заболување.
Низ „времепловот“не водеа Снежана Конеска Руси, Борче Начев,Софија Н. Трифуновска, Марко Новески. Покрај учениците од средното музичко училиште “Илија Николовски Луј” – Симеон Коруноски, Пејиќ Теодора, Магдалена Алексовска, Петреска Македонка, како и музичката група Васил Ангелов и Space band, Верица Ристевска, Пере Нокаут, Jaна Спирковска, бендот “2BE” и Денис Димоски.