Пребарувај по датум:
2012-02-21

ЉУБОВНИ НОТИ 4

Клубот на млади при Црвен крст на град Скопје годинава по четврти пат го реализираше хуманитарниот концерт под наслов Љубовни ноти 4.

Концертот се одржа на 16.02.2012 год. во средното музичко училиште ДМБУЦ ,,ИЛИЈА НИКОЛОВСКИ-ЛУЈ,,и на истиот настапуваа учениците од ова училиште.
Концертот беше хуманитарен, а сите оние кои беа присутни на настанот имаа можност да донираат преку поставените касички со знакот на Црвен крст, преку купување на рачно изработени срциња и други предмети изработени од волонтерите.
Средствата кои се собраа ќе бидат наменети за децата од Прифатниот центар за бездомни лица (објект Страхил Андасаров) с. Љубанци.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.