Пребарувај по датум:
2021-07-07

Лична асистенција на лица со попреченост

Во рамки на социјалниот сервис Лична асистенција на лица со попреченост при Црвен крст на град Скопје во периодот јануари-јуни 2021 реализирани се вкупно 14 поврзувања помеѓу лични асистенти и корисници. Заклучно со јуни 2021 преку Црвен крст на град Скопје услугата ја користат 68 корисници со попреченост кои се опслужени од страна на 49 лични асистенти. Од вкупно 68 корисници, 8 корисници услугата ја користат во Куманово, а останатите 60 услугата ја користат во Скопје.

Испорачувајки ја услугата и давајки поддршка во реализација на секојдневните обврски и активности, асистентите придонесуваат кон тоа корисниците да постигнат поголема независност и самостојност, се зголемува  можноста самостојно да донесуваат одлуки и да воспостават контрола во сите сегменти на нивниот живот, а сето тоа води до унапредување на квалитетот на живот на корисниците како активни и рамноправни чинители во општеството. Кај корисниците постои голема задоволност од асистенцијата, воспоставен е отворен однос полн со доверба, разбирање, поддршка дури и пријателство но сепак во границите на еден професионален пристап.

Социјалниот сервис  функционира во соработка и со поддршка од страна на Министерството за труд и социјална политика.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.