2026-02-17
Лична асистенција
Во рамки на сервисот лична асистенција на лица со попреченост беше реализирана посета на корисник, при што беа дистрибуирани пакети со храна и хигиенски средства. Активноста е дел од нашите континуирани напори за унапредување на квалитетот на живот и обезбедување поддршка за лицата со попреченост.
Оваа активност е мал, но значаен чекор во нашата постојана заложба да бидеме поддршка онаму каде што е најпотребна и да придонесеме за поголема сигурност, достоинствен живот и чувство на грижа кај нашите корисници.
Заклучно месец февруари услугата ја користат 125 задоволни корисници кои се опслужени од страна на 89 лични асистенти.
