Летни активности
Волонтерите на Црвен крст на град Скопје често своето слободно време сакаат да го поминуваат со корисниците од дневниот центар за лица со интелектуална попреченост Пролет. Така беше и изминатиот период и токму за нив подготвија неколку летни активности. Преку едукативни игри, прошетки, заедничко готвење но и многу музика и забава имаа можност да уживаат сите заедно. Она што на сите им остави посебен впечаток беше посетата на Baby Zoo каде со големо внимание и грижа ги хранеа нејзините жители. Благодариме на вработените од Зоолошка градина – Скопје што секогаш ги поддржуваат нашите активности , а посебно за љубовта која ја даваат на лицата со попреченост. Одделот млади и понатаму ќе дава поддршка на овие корисници најмногу во делот на нивна социјализација и дружење.
Работното време на Дневниот центар е од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот, а истиот е лоциран на улица Пролет бр. 39, до Веро Џамбо.