Летен камп – Моето срце во сите бои
Црвен крст на град Скопје во соработка со клиниката Жан Митрев и оваа година од 03-09.08 во х.Солферино, Струга го реализираа летниот камп ,,Моето срце во сите бои” наменет за деца со вродени срцеви аномалии кои претходно имаат направено интервенција во болницата со цел психосоцијална поддршка на семејствата.
Активна поддршка во текот на целиот камп беа волонтерите на Црвен крст на град Скопје кои заедно со физиотерапевт од клиниката, преку игри и вежби успешно ги вклучија децата и родителите во активностите за поттикнвање на талентите на децата.
На овој камп, се организираше и едукативна работилница со доктор од клиниката посветена на ВСА и нивното влијание врз натамошниот раст и р азвој на децата. Исто така, се имплементираа работилници со тимот психолози од клиниката Жан Митрев.
Она што претставува особено задоволство е близината и меѓусебното поврзување на децата и родителите како група за поддршка. Кампот дефинитивно се одликува со континуирана позитивна енергија, љубов и многу насмевки.