Летен камп
Црвен крст на град Скопје, во рамки на проектната поддршка од Швајцарски Црвен крст за помош на лицата од Украина, реализираше летен камп. Кампот се одржа во Тренинг центарот “Солферино” и во текот на истиот беа реализирани многубројни активности за децата како креативни работилници, спортски активности, активности за социјализација, рекреативни активности. Во рамки на планираната агенда, реализирани беа и сесии со детски развоен психолог кои опфатија повеќе домени на детскиот развој каде што преку игра се стави акцент на емоционалниот развој на децата. За родителите беа организирани сесии со психолог со цел давање психо – социјална поддршка потребна за полесно справување сосите предизвици во новата средина.
Летниот камп помина во исклучително позитивна атмосфера и одлично расположение кое се забележуваше како кај децата така и кај нивните родители.