Пребарувај по датум:
2022-06-30

Летен камп 2022 27-29 јуни, Струга

Од 27 до 29 јуни во центарот Солферино, Струга се оддржа летен камп како дел од активностите на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието (МИМО). Проектот е поддржан од страна на УСАИД во Република Северна Македонија, а го реализира Македонскиот центар за граѓанско образование Скопје со партнер организација. Активностите беа реализирани во соработка Црвен Крст на Град Скопје и организацијата Roma Rock School од Скопје.

Учениците учествуваа во активности со цел да се запознаат со млади од други наставни јазици и училишта, преку низа забавни игри и вежби. Волонтерите кои беа дел од кампот избрани преку Црвен крст, изработуваа мали проекти за доборбит на заедница во 2019 година преку ПХВ програмата.

За време на кампот, младите учествуваа во работилници за: музика, волонтерство и културата како систем од вредности, а имаа и можност да напишаат, отсвират и снимат песна која ќе остане како трајно богатсво и спомен за убавото поминато време и меѓусебно дружење.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.