Пребарувај по датум:
2022-09-12

Летен камп

Од 04- 08 септември, во рамките на проектот „ Поддршка на лицата од Украина со привремен престој во РСМ“, поддржан од Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина,беше организиран летен камп во Центарот „Солферино“- Струга.

На кампот учествуваа 38 лица (деца и возрасни) од Украина со привремен престој во РСМ, во придружба на социјални работници од Црвен крст на град Скопје и волонтери. Во текот на четиридневниот престој беше реализирана програма која содржеше многубројни активности за децата и возрасните.

За децата беа организирани креативни работилници за изработка на украсни предмети од стакло, сликарска работилница, забавна игра „полигон“, активности за развивање на графомоторика и сл.Возрасните имаа можност да учествуваат на работилници на тема ” Воспоставување на семејни врски”  и ” Детска заштита”. Сите активности беа успешно реализирани и на нив учествуваа сите присутни.

Деновите на летниот камп поминаа во многу позитивна атмосфера која ни дава поттик и понатаму да продолжиме да креираме активности за оваа категорија лица.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.