2019-12-13
Курс за анализа на хуманитарни информации
Во периодот од 05.12.2019 до 09.12.2019 во Милано, Италија се одржа петдневен курс на тема “Анализа на хуманитарни информации”, во областа на катастрофи организиран од страна на Меѓународна Федерацијата на Црвен крст и Црвена полумесечина (ИФРЦ). Курсот имаше за цел да обезбеди алатки за процена на методи кои се користат за собирање податоци, анализирање информации од терен и донесување одлуки засновани врз резултати, со цел да се изгради посебен акционен план. На овој курс учество зеде претставник од Црвен крст на град Скопје, заедно со претставници од повеќе Национални друштва од Црвен крст на Италија, Шпанија, Португалија, Данска, Босна и Херцеговина, Велика Британија, Јордан, Белорусија, Шведска, Сирија, Шри Ланка и Австралија.