Курс по прва помош за спасителите на планина
На 1 и 2 октомври 2011 година, на Водно се одржа курс за прва помош за спасителите на планина. Курсот го следеа 14 спасители на планина.
Тие за двата дена имаа можност теоретски и практично да ги проследат следните теми: специфичности и организација на спасување на планина; преглед на повреден; евакуација и транспорт на повреден; повреда на меки ткива; преврски на рани; повреда на глава и врат; повреди на граден кош и стомак; повреди на мускулно-скелетниот систем; имобилизација; реанимација и шок; повреда на рбетен столб; термални повреди, убот од пчела, змија и диво животно и симулација на сценарио во реални услови.
Сите теми, слушателите ги следеа теоретски, а по секое предавање имаа практични вежби.
За практичните вежби слушателите беа поделени по двајца ( како на дежурство) и практично ги реализираа горе наведените теми.
Предавач на курсот беше Д-р. Јован Крстески. Првиот ден својот допринос даде и Д-р. Емилија Чутановска, а вториот ден Д-р. Реџеп Љусјани.