Пребарувај по датум:
2026-03-30

КУЛТУРА НА БЕЗБЕДНОСТ- ЗДРАВА ЗАЕДНИЦА.

По повод 17 март – Денот на формирањето на Црвен крст на Република Северна Македонија и Денот на крводарителството во Македонија беше организиран настан посветен на промоцијата на првата помош по мотото КУЛТУРА НА БЕЗБЕДНОСТ- ЗДРАВА ЗАЕДНИЦА.

Истиот се одржа на 24 март (вторник) на Плоштад Македонија, каде беа поставени едукативните пунктови на кои беа претставени симулации на прва помош со различни сценарија, беше демонстрирана првата помош од обучени волонтери и животоспасители како и обучени кадри од МВР и АРМ и Интервентниот тим на ЦКРСМ.

На настанот беше доделена и јубилејната плакета за Град Скопје по повод 80 години Црвен крст на град Скопје

Црвен крст на Македонија континуирано ја потврдува својата лидерска улога во едукацијата за прва помош како животоспасувачка вештина, нудејќи курсеви, обуки, демонстрации и активности за различни целни групи, со цел што поголем број граѓани да бидат подготвени правилно и навремено да реагираат во итни ситуации.



Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.