2025-01-27
Крводарителска акција во чест и спомен на Тоше Проески
180 единици крв беа реализирани на традиционалната крводарителска акција која по четиринаесети пат, Црвен крст на град Скопје и Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, во соработка со ИТМ ја организираа во спомен на роденденот на големиот хуманист и крводарител, Тоше Проески.
Оваа крводарителска акција е препознатлива во нашиот град и е посетена од голем број граѓани, а пред сѐ од помладата популација која во ликот на Тоше Проески препознава пример на хуманост.
До сега, на овие акции реализирани се повеќе од 5 500 единици крв.