2018-10-28
Креативна работилница
Волонтерите на Црвен крст на град Скопје заедно со корисниците од дневниот центар за церебрална парализа Капиштец и нивните родители како и секогаш имаа одлично дружење. Овојпат го посетија Custom pub и заедно со долгогодишните пријатели од мото клубот Потфат реализираа креативна ликовна работилница. Позитивната енергија и многуте насмевки придонесоа да се реализираат успешни дела , а овие работилници и дружби надвор од центарот се многу важни за промена на секојдневието на корисниците и нивна социјална инклузија.
Активноста е дел од активностите поддржани од Комерцијална банка, а поддршката на членовите на мото клубот Потфат е позитивен пример во нашата заедница за полесно прифаќање на лицата со попреченост.