Креативна работилница за деца со оштетен вид
Во рамките на Центарот за поддршка на лица со оштетен вид – Црвен крст на град Скопје, на 04 Декември 2018 година,во ДУРДМОВ Димитар Влахов, се реализираше креативна работилница наменета за децата со оштетен вид. Со оглед на престојните Новогодишни празници, темата на работилницата беше подготовка на Новогодишни честитки. За време на работилницата, дел од децата свиреа Новогодишни песни на пијаното во салата, со цел комплетирање и разубавување на атмосферата. Децата во текот на работилницата покажаа голем интерес за истата и вложија голем труд во подготовка на честитките. Собраните средства од продадените честитки ќе бидат донирани за лекување и поддршка на корисник од Центарот за поддршка.
Центарот за поддршка на лица со оштетен вид се имплементира во рамките на „Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот“.