Конференција за Твининг (збратимување) програми во Кишињев, Молдавија
Во периодот од 28 до 31 октомври, во Кишињев-Молдавија, Црвен крст на Норвешка организираше конференција за Твининг програми. На истата присуствуваа претставници од Норвешки Црвен крст, Црвен крст Молдавија, Црвен крст Романија, Црвен крст на Грузија и претставници од Црвен крст на Северна Македонија.
Твининг координаторот од Скопје имаше можност да ги презентира резултатите, искуствата и прирачникот кој беше изработен по спроведување на Твининг програма во период од 2017 до 2024 со Телемарк-Норвешки Црвен крст.
Заедно со претставникот на Црвен крст Охрид имаа можност да работат во групи со потенцијалните Твининг партнерства од Норвешка кои ќе започнат следната година по потпишување на официјалниот меморандум за соработка помеѓу двете Национални друштва.
Ваквиот тип на конференции е корисен за споделување на искуства, размена на знаења како и работа во помали групи со цел идентификација на полиња од заеднички интерес и приоритети за следниот период на Твининингот.