Пребарувај по датум:
2020-02-24

Концерт со хумана порака

На 15-ти февруари, се одржа традиционалниот концерт „Узун за Узун“ во салата на хуманитарниот дом „Даре Џамбаз“. Настанот беше во организација на Музичкото училиште „Узун“ во соработка со Црвен крст на град Скопје. Како и секоја година, присутните уживаат во музичките настапи на изведувачите, но концертот носи и хумана порака бидејќи средствата собрани на истиот, се наменуваат за ублажување на потребите на поединци или ранливи целни групи.

Оваа година, собраните средства беа донирани за потребите на бездомните лица кои го посетуваат Пунктот за бездомници на Црвениот крст лоциран во Момин Поток. Со овој придонес на музичкото училиште „Узун“, заедно  работиме на ублажување на потребите на една од најранливите категории во нашиот град.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.