2025-03-17
Кочани, 16.03.2025
Црвениот крст на Република Северна Македонија уште еднаш изразува длабоко сочувство и солидарност со семејствата на настраданите граѓани во стравичната несреќа која се случи во Кочани во утринските часови.
Ја споделуваме тагата со семејствата на трагично загинатите, иако сме свесни дека во моментов, нема зборови што може да ја утешат нивната болка и загуба.
На повредените им посакуваме брзо опоравување.