Пребарувај по датум:
2010-02-26

“Клубови за млади за едукација и превенција”

Црвен крст на град Скопје во соработка со Германскиот Црвен крст во периодот  2009/2010  реализираа проект  “Клуб на млади за едукација и превенција”.

Клубовите беа отворени во 20 училишта  на ниво на град Скопје минатата година, и истите беа опремени со нагледни средства: компјутер, фантом за Прва помош, ранец за Прва помош, постер плакати како и едукативни флаери од областа на превенција од зависности, испечатени на два јазика – македонски и албански.
Во тек сме спроведување на вториот циклус активности кој опфаќа одржување на едукативни предавања во училиштата од областа на:

  •  Здравствено – превентивната дејност: Прва помош, Крводарителство, Сексуално – преносливи болести, Превенција од зависности;
    § Безбедност и дејствување при катастрофи, ставајќи акцент на земјотресите како можна појава на скопското подрачје;
    § Трговија со луѓе;
    § Семејно насилство;
    § Решавање на конфликтни ситуации и врсничка нетолеранција

Заклучно со завршувањето на месец февруари завршуваат едукативните предавања, а во текот на месец март следат нови активности – ЦКА ПХВ обука и изработување на малите проекти од страна на децата. 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.