Пребарувај по датум:
2010-07-05

КЛУБ 25

Со поддшка на ИФРЦ во рамките на клубот 25- клуб на млади крводарители, 20 млади од Црвен крст на град Скопје и ООЦК на територија на град Скопје во периодот од 24-27 Јуни во центарот Солферино- Струга, добија едукација за млади мотиватори за крводарителство.

Темите кои беа реализирани на работилницата се однесуваа на мотивирањето на млади крводарители, презентерски способности, тим и тимска работа, размена на искуства со другите национални друштва.

По завршувањето на семинарот младите едукатори реализираа едукативни предавања во клубовите на млади во ООЦК, а од септември  едукативни сесии ќе бидат реализирани и во училишта и факултети на територија на град Скопје.
Со сите овие активности нашето национално друштво ќе имплементира програма која ќе оди во насока на унапредување на крводарителството, со акцент на младите, како и развивање на едукативни и здравствено- превентивни програми со цел здрава и добро едуцирана младина.

 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.