2011-10-25
Кликнете „лајк“ за да донирате 1 денар
Деновиве започна хуманитарната акција „Разбудете се хумани 3“, во организација на Дормео и Црвен Крст Скопје.
Во следните неколку недели, секој може да го донира својот користен душек и да купи нов со попуст и бесплатна достава. Користениот душек ќе биде дезинфициран и дониран во соодветна установа.
Новина оваа година е донацијата на Дормео за Здружението за цистична фиброза.
Со секој „лајк“ на нивната Фејсбук страница донирате 1 денар за купување на апарат за децата заболени од цистична фиброза.
Кликнете лајк на www.facebook.com/DormeoMK и донирајте!
Видео: http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=679zwXDE28g