ЈАВЕН ПОВИК ЗА АПЛИКАЦИИ ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМ ЗА МИГРАЦИИ ,,Хуманитарен аспект на мешани миграциски текови”
- Ако си млад/а и мотивиран/а да учиш…
- Ако твоето поле на интерес се миграции и хуманитарни итности…
- Своето образование и кариера размислуваш да ги насочиш на различните аспекти кои ги нудат миграциските текови и хуманитарни итности…
…погледни го јавниот повик на Црвен крст на град Скопје… 👇🏻
Краток опис
Програмот за миграции е наменет за млади од РСМ кои имаат предзнаења од областа на правните аспекти од полето на миграциите или основно ниво за поимање на областа т.е. интерес за изучување на областа со посебен акцент кон хуманитарниот аспект на миграциите.
Низ неколку дневен теориски и реален приказ на комплексноста на мигрантските кризи и текови, учесниците ќе имаат можност да зајакнат и/или стекнат основни знаења од областа на миграциите односно хуманитарната итност која ја иницираат. На школата ќе се презентираат домашните политики, институции и организации кои имаат своја улога во уредување и справување со миграциските текови. Учесниците ќе биде сензитивизирани за потребите и ранливоста на мигрантите. Конечен осврт ќе биде даден кон мигрантската криза во РСМ во периодот 2015-2020 година.
Сите чесниците ќе се стекнат со сертификат за учество и ќе имаат можност за идно вклучуање во активности на Црвен крст на град Скопје поврзани со темата.
Сите трошоци во врска со учеството (транспортот, храна, сместување и материјали) ќе ги покрие организаторот т.е. Црвен крст на град Скопје.
Програмот е подджан и финансиран од страна на Швајцарскиот Црвен крст, Швајцарската Агенција за Развој и Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина.
Период
03-07 Октомври, 2022
Место
х.Солферино, Струга https://www.ckgs.org.mk/centar/centar-solferino/
Право на учество
Млади на возраст од 18-25г. од РСМ, ученици и/или студенти во средно или високо образование со предност на оние од правните училишта и факултети и/или ученици и студенти кои сепосетуваат предметни програми од областа на миграции, безбеднот, право, политички науки и сл.
Начин на аплицирање
Испратете своја кратка биографија (CV) и форма за пријавување на следните адреси: skopje.socijala@redcross.org.mk и skopje@redcross.org.mk со наслов: Апликација за Програм за Миграции. Краен рок за пријавување: 18ти Септември 2022г.