Пребарувај по датум:
2012-12-05

Известување за одржување на курс за обука на нови спасители

Пријавувањето на кандидати за спасители на вода.

Во тек е пријавувањето на кандидати за спасители на вода (за капалишта од затворен тип) во Црвен Крст на град Скопје

Пријавувањето трае до 14.12.2012 (12:00 часот). Потребни податоци за пријавување:

1. Име и презиме
2. Датум на раѓање
3. Контакт телефон

Податоците можат да се приложат во просториите на Црвен Крст на град Скопје секој работен ден од 08:00 – 16:00 часот или на е-маил адресата: lifeguard.skopje@yahoo.com

Курсот за спасување на вода започнува на 15.12.2012 година. Истиот ќе го водат 1 меѓународен инструктор за безбедност на вода и 3 национални инструктори за безбедност на вода.

Прогласен Волонтер на годината и посебна награда за развој на волонтерство за Црвениот крст на град Скопје
Published on 06-12-2012 Email To Friend Print Version
SLIKA
По повод 5 декември – Меѓународниот ден на волонтерството се доделени Националните награди за волонтерство за 2012 година кои за првпат се доделени

и тоа во четири категории: волонтер на годината, организатор на волонтерска работа, волонтерска практика и за медиуми кои придонеле за промовирање и поддршка на волонтерството во Македонија.

Национални награди добија доктор Јован Kрстевски, волонтер во Црвен крст на град Скопје кој е прогласен за волонтер на годината, за својот несебичен ангажман во лекувањето на бездомниците додека Здружението за заштита на животни „Анима мунди“, за организатор на волонтерска работа.

Награда за волонтерска практика добија учениците од Меѓународно училиште НОВА, додека весникот „Дневник“ е добитник на национална награда за поттикнување на волонтерс-твото во земјава во категорија медиум.

Поради улогата, значењето и придонесот во промовирањето и унапредувањето на волонтер-ската работа и за неговите досегашни резултати и придонеси, на Црвениот крст на град Скопје му се оддаде посебно признание.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.