Пребарувај по датум:
2012-07-30

ИЗРАБОТКА НА ОРИГАМИ И НАКИТ СО КЛУБ НА МЛАДИ ВО ЦЕНТАРТОТ ЗА ПОДДРШКА

Во рамките на летните активности со децата од бегалската заедница кои го посетуваат Едукативниот центар и во соработка со Клубот на млади при Црвен крст на град Скопје се одржаа две креативни работилници на 25 и 27 јули 2012, односно изработка на оригами и изработка на накит.

На првата работилница на која присуствуваа 18 деца и со инструкции од страна на волонтер на Црвен крст на град Скопје деца научија да направат жаба, лисица, пеперутка и зајче.
На втората работилница присуството и интересот беа поголеми со тоа што присуствуваа 22 деца.
На оваа работилница децата заедно со помош на волонтер и тимот на Едукативниот центар изработуваа накит – обетки, нараквици и ланчиња и ја изразуваа својата креативност.
Децата уживаа во двете работилници на која меѓусебе пренесуваа идеи, позитивна и весела енергија.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.