Излези и поврзи се!
Недела за борба против срцево- садови заболувања

Црвен крст на град Скопје во соработка со клиниката Жан Митрев ја одбележа неделата за борба против срцево садови заболувања. Во рамки на истата волонтерите ја посетија клиниката и со поддршка на тимот психолози, физиотерапевти и нутриционист реализирана беше работилница на која им се даваа корисни совети за превенција но и зачувување на нивното ментално и физичко здравје. Во насока на грижа кон ранливите категории благодарение на клиниката овозможени беа бесплатни кардиолошки прегледи.

Предавање, превентивен преглед и на крвниот притисок и аускултација на срце и бели дробови беше организирано и во ПТЦ Винојуг-Гевгелија за 26 присутни мигранти и дел од персоналот.
По повод одбележувањето на Неделата на срцевосадови заболувања, се одржа и стручно предавање за 43 корисници на социјалната услуга ,,Дневниот Престој за стари лица за активно стареење’’ со Д-р Елена Јангеловска.
