Пребарувај по датум:
2026-09-18

ИТНО КОПЧЕ

Во просториите на Пензионерскиот клуб Влае, промовирана беше услугата „Итно копче“, наменета за постари лица кои живеат сами и за лица со попреченост кои живеат во домашни услови.

Услугата е воспоставена преку соработката меѓу Црвен крст на град Скопје и Општина Карпош , во рамки на проектот „Healthy Aging and Home Help Services“, со финансиска поддршка од Швајцарски црвен крст.

Со само едно притискање на копчето, корисникот добива пристап до:

24-часовна поддршка од обучено лице

советодавна и психо-социјална помош проценка на ситуацијата и, по потреба, организирање соодветна итна интервенција.

Сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат условите од јавниот повик можат да се пријават на:  02/15330

Одбележан Светскиот ден на првата помош

Црвениот крст на град Скопје, под мотото „Прва помош и миграции“, го одбележа Светскиот ден на првата помош во ТЦ Табановце, ХСТ Лојане и ПТЦ Винојуг – Гевгелија, во рамки на активностите за поддршка на лицата во движење.

На присутните им беа дистрибуирани пакети со основни средства за прва помош, како и информативни материјали на повеќе јазици. Беа реализирани и практични демонстрации за правилно реагирање во итни ситуации, згрижување на рани и повреди и основни постапки за давање прва помош.

Преку оваа активност, имаа можност да се запознаат со важноста на навремената и соодветна реакција во итни ситуации и да стекнат практични знаења кои можат да спасат живот.



Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.