Пребарувај по датум:
2019-12-04

Информативен пункт на Нега Центарот во Централната Експозитура на Шпаркасе Банка во Скопје

На 02.12.2019 во периодот од 09:00 до 12:00 тимот на Нега Центарот постави информативен пункт на кој беа споделувани брошури за третман на лица со деменција, а заинтересираните можеа да се запознаат и со активностите на Нега Центарот наменети за лицата над 60 години.  Информативните брошури содржат корисни информации за симптомите и типовите на деменција, но и за правилно постапување со лицата кои страдаат од истата. Брошурите се изработени со поддршка на Шпаркасе банка во рамките на проектот „Домашна нега и детекција на рани симптоми на деменција“.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.