Пребарувај по датум:
2018-06-07

Информација за Градски Натпревар

До: Медиуми

Од: Црвен крст на град Скопје

Ден: 01.06.2018год.

 

Информација за Градски натпревар

 

Црвен крст на град Скопје во рамките на програмските активности по Прва помош, оваа година по десетти пат организира натпревар по Прва Помош во категоријата подмладок (ученици од основните училишта) од Општинските организации на Црвен крст на територија на градот Скопје. На натпреварот, учество ќе земат 15 екипи од 15 Основни училишта на ниво на град Скопје.

Натпреварот ќе се одржи на 02 Јуни 2018 со почеток во 10:00 часот на Средно Водно – објект „Даре Бомбол“.

Во организација и како учесници на Градскиот натпревар ќе бидат вклучени околу 200 лица ( стручна служба, судии, манекени, водичи, шминкери ,логистика и волонтери).

Црвениот крст продолжува со заложбите за промоцијата на Првата помош и истакнување на нејзината важност и потреба од истата.

„Првата помош спасува живот“.

 

 

Ве очекуваме на настанот.

Со почит,

Црвен крст на град Скопје

 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.