2010-06-16
ИНФОРМАЦИЈА – Од мобилните тимови на Црвен крст на град Скопје
Мобилните тимови на Црвен крст на град Скопје секојдневно низ најфреквентните улици во градот, пред здравствените организации, автобуските станици и сл. делеа вода и информативно пропаганден материал како граѓаните да се заштитат од високите температуре. Покрај ова на старите и изнемоштени лица им се мери и крвниот притисок.
Во текот на вторникот поделени се околу 300 шишиња вода и 1000 флаери како граѓаните да се заштитат од високите температуре.
Црвениот крст на град Скопје ја следи состојбата и во колку има потреба бројот на тимови ќе се зголеми.
Акцијата се реализира во соработка со Црвениот крст на Македонија и Градот Скопје кој финансиски ја подржува оваа активност.