2021-03-15
Имунизација на медицинскиот персонал
Волонтерите на Црвен крст на град Скопје продолжуваат со континуирана логистичка и административна поддршка во процесот на имунизација на медицинскиот персонал. Една група на волонтери се ангажирани во делот за ревакцинација во поликлиника “Букурешт”, а втората група во поликлиника ,, Јане Сандански “ .
Со оваа активност, даваме директна поддршка на Министерство за здравство и активно се вклучуваме во сите активности кои се во насока на помош на населението но и за успешно справување со пандемијата и последиците од неа.