2010-04-08
Хуманост на денот на шегата 1-ви април
По повод одбележување на денот на шегата 1-ви април Клубот на млади при Црвен крст на град Скопје организираше хуманитарна забава во клубот Еџпириенце.
На истата се собраа парични средства во висина од триесет илјади денари кои ќе бидат наменети за 19 месечниот Јане Велковски кому му е дијагностицирана болеста СМА (Спинална Мускулна Атрофија).
На забавата се одбира и најдобра, најкретивна маска , а наградата беше викенд во Струга.