Пребарувај по датум:
2014-05-18

Хуманитарна акција за помош на настрадано население во Србија и БИХ

Црвениот крст на РМ веднаш по појавата на природната катастрофа која ги зафати подрачјата на Србија и Босна и Херцеговина

 направи контакти со двете Национални друштва на Црвениот крст , и согласно материјално човечките ресурси понуди помош во екипи и опрема за спасување ( гумени чамци, спасители,тим за проценка за хуманитарните потреби на населението и станица за прочистување на вода )

Согласна нивната проценка во моментот има потреба од следнава помош: храна ,средства за хигиена, нова облека и обувки , кебиња,бебешка храна, вода за пиење.

За таа цел Црвениот крст на РМ ги превзема  следниве активности за обезбедување на помош :
1. Парична помош преку уплата на жиро сметка Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка
2. Донирање на 100 денари со повик на телефоните : 075/070/077 143 400
3. Собирен пункт за хуманитарна помош во Скопје е магацинот на Црвениот крст на РМ  во

Момин Поток со адреса ул.Момин Поток бб, тел. 3096227. На локално ниво помошта може да се донира и во   општинските организации на ЦК надвор од Скопје.

Црвениот крст на РМ , во соработка со Амбасадите на Србија и Босна и Херцеговина во РМ  ги повикуваат компаниите и хуманите граѓани да се вклучат во апелот за помош на настраданото население .Хуманитарната акција започнува од 17.05.2014 – 31.05.2014 година.

За текот и резултатите од акцијата јавноста ќе биде навремено и соодветно информирана.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.