Пребарувај по датум:
2014-06-22

ХУМАНИТАРЕН ТУРНИТ ВО ОДБОЈКА – ПОЧЕТОК НА НОВ ПРОЕКТ ЗА ЛИЦАТА СО ОШТЕТЕН ВИД

Во недела на 22.06.2014 во спортскиот центар Форца се оддржа хуманитарен турнит во одбојка на песок, во организација на компанијата Тотал Бренд и Црвен крст на град Скопје. На настанот учество земаа познати девојки од македонската сцена и со секој поен се оствари донација на сокови.

Околу еден тон сокови ќе бидат донирани за бездомниците кои редовно се згрижуваат во пунктот на Црвен крст на град Скопје во Момин Поток и социјално загрозените семејства. На овој настан официјално беше промовирана соработката на компанијата Тотал Бренд и Црвен крст на град Скопје во имплеменетација на седум месечниот проект „Создаваме заедно“ посветен на лицата со оштетен вид т.е. учениците од училиштето за лица со оштетен вид. Свое обраќање на настанот имаше директорот на ДУРДМОВ „Димитар Влахов“ кој се повика на Меморандумот за соработка склучен со Црвен крст на град Скопје со што ја потенцираше досегашната соработка помеѓу овие две институции. Настанот го водеше Жаре – Еден на Еден и спортскиот коментарот Атанас Костовски, а го обезбедуваше екипа по прва помош на Црвен крст на град Скопје. 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.