2022-03-02
Хуманитарен базар „СРЕЌНА БАБА МАРТА”
Во рамките на социјалниот сервис „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови” при Црвен крст на град Скопје на ден 01 март традиционално се реализираше хуманитарниот базар „СРЕЌНА БАБА МАРТА” во Веро Џамбо. Продадени беа околу 800 мартинки сплетени од вештите раце на лицата во трето доба. Собраните средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели односно за набавка на лекови кај лица во трето доба кои се во социјален ризик.
Исто така се подарија мартиники и на штитениците од ЈЗУ Геронтолошки завод „13 Ноември”.
Традиционално на први март се подаруваат мартинки за здравје,среќа и љубов.