Пребарувај по датум:
2013-09-05

Хумани иницијативи

Нови столици, клима уред, скенер и принтер за работа, апарат за вода се дел од донацијата кои беа обезбедени од страна на црквата  Jesus Christ of latter day saints за новоотворениот центар за млади во Шуто Оризари.

Се направи проценка во која младите ги кажаа своите потреби за уште подобро функционирање на клубот кој е отворен со поддршка на ЕВН Македонија.

Црвениот крст на град Скопје има одлична соработка со црквата која има свои претставници во нашата земја и преку кои се рализираат вакви мали но сепак хумани иницијативи.

Во 2012 година тие подржаа еден проект преку кој во пунктот на бездомници беа набавени нови душеци, машина за перење алишта, туш кабина…

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.