Хумана иницијатива на Алфа банка
На 27 Мај, по повод одбележувањето на Денот на волонтерството во Алфа банка, реализирана беше дистрибуција на хуманитарна помош прехрамбени пакети.
На територија на град Скопје опфатени беа 135 семејства кои се нашле во социјален ризик. Помошта, преку ООЦК на територија на град Скопје, дел од семејствата ја подигнаа од ДХО Даре Џамбаз. Останатете, со претставници од Црвен крст и Алфа банка беа посетени во нивните домови.
На дистрибуцијата во ДХО Даре Џамбаз присутни беа вработените во Алфа банка, Генералниот директот на банката и Генералниот секретар на Црвен крст на РМ. За лицата од банката одржана беше куса дисеминациска сесија преку која се запознаа со историјатот на Црвениот крст, мисијата и визијата на организацијата како и полињата на дејствување.
Со оваа заедничка активност, компанијата ја истакнува својата општествена одговорност и делува во заедницата со социјални програми со цел подобрување на животот на ранливото население.