2022-03-07
Грижа за заедницата
Државна лотарија на Република Северна Македонија и понатаму продолжува со грижа и поддршка во заедницата, посебно за оние на кои таа им е најпотребна. Овојпат во рамки на заедничката хумана акција се донираа витамини за лица со попреченост односно корисници на дневниот центар за лица со церебрална парализа и центарот за лица со интелектуална попреченост ,,Пролет”. Државна лотарија преку издвојување на процент од целокупната продажба на инстант лозови од играта на среќа инстант лотарија ,,ЕКО СКУТЕР” како и секогаш ја покажува својата општествена одговорност, но изминатиот период најмногу со акцент на здравјето како приоритет на секоја индивидуа.
Им благодариме за континуираната поддршка, а соработката продолжува и понатаму.