Пребарувај по датум:
2021-02-12

Грижа за себе

На 11.02.2021 се оддржа четвртата ЦКА-ПХВ онлајн работилница со наслов „Грижа за себе“. Истата беше реализирана од страна на  лиценциран психолог, гешталт психотерапевт и догогодишен ПХВ инструктор Ивана Маринчек. На работилницата учествуваа 138 учесници, волонтери од различни ООЦК. Од учесниците кои ја  пополнија евалуација во форма на анкета преку која ја евалуираа работилницата  93% се изјаснија дека работилницата е многу корисна, 82% дека е многу интерактивна, и 91% се изјаснија дека работилницата е интересна. Сите, односно 100% би ја препорачале работилницата на своите врсници.

Некои од коментарите се: Оваа работилница ме поттикна да размислам што сакам да правам за себе; да помислам малку и на себе, не само на другите; една од најубавите работилници до сега на која сум присуствувал;  ми се допадна интеракцијата со слушателите;  со секоја наредна работилница сватив дека воопшто не погрешив што сум дел од ова.

Веќе следниот четврток продолжуваме со новата тема “Комуникација и јавно говорење, презентации-техники и совети”. Во текот на 2021 година ќе бидат одджани 40 работилници кои имаат за цел зајакнување на капацитетите на младите во редовите на Црвениот крст.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.