Пребарувај по датум:
2019-07-09

Градски натпревар по Прва помош

Црвен крст на град Скопје во рамките на своите програмски активности на одделот за Прва помош со цел промоција и подигање на свеста кај младата популација за значењето на првата помош во секојдневниот живот, организираше Градски натпревар по Прва помош, категорија подмладок.

Натрпреварот се оддржa  на 9 Јуни 2019 година на Средно  Водно од 10.00 – 14.30 часот.

На натпреварот земаа учество 14 екипи од основните училишта и повеќе од  100 лица ,стручна служба, судии, манекени, шминкери на повреди и волонтери во негово организирање.

Пласирани екипи на овогодишниот натпревар:

  • 1.           ОУ “Круме Кепески”                                       
  • 2.           ОУ “Рајко Жинзифов”                                         
  • 3.           ОУ “Живко Брајковски”                                                  Унапредувањето на здравјето и безбедниот живот на луѓето како и првата помош завземаат централно место во нашата организација преку кој градиме издржан систем за привлекување и оспособување на нашите волонтери.
Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.