Големото Финале на ЦКА-ПХВ Црвен крст на град Скопје
Од вкупно 1189 младинци од цела Македонија, кои се приклучија на ЦКА-ПХВ циклусот, оваа година изработија 77 малечки проекти за добробит на заедницата во којашто живеат. 45-те од нив се издвоија со својата активност и посветеност во изработката на проектите и беа повикани да присуствуваат и земат учество на финалната работилница за 2007 година.
На овогодинешнава Финална работилница освен претставниците на најдобрите проекти и дисеминаторите ментори на најголем број на високо оценети проекти, присуствуваа и најдобрите младинци и дисеминатор од имплементирањето на ПХВ во Р.Србија како учеснцици-гости. Исто така беа присутни и претставници од МКЦК Скопје, МКЦК Белград и МКЦК Сараево, како и претставник од Национално друштво на Албанија.
Оваа финална работилница претставуваше круна на се она што се работеше во текот на целиот циклус, а со својата динамика и позитивна атмосфера, воедно и едно одлично заокружување на истиот. Истата финализираше со краток филм и со памфлета во која се објаснети сите проекти поединачно и истата ќе биде доставена до сите ООЦК.
Од вкупно 77 проекти од Македонија и 10 од Србија, од пресекот се гледа дека 19 проекти за цел имале помош на социјално загрозени лица, 32 проекти- помош на хендикепирани лица, 6 од нив создале подобра животна средина, со 1 проект се помогна на стари лица, 10 од нив пружиле помош при едукација, 4 проекти имаа за цел помош на деца без родители , 10 од нив помогнале на болни лица, додека 5 проекти оствариле дружба со најразлични категории на деца.