Годишно собрание на Црвен крст на град Скопје
На 15 март, Црвен крст на РСМ-Црвен крст на град Скопје го одржа своето годишно извештајно собрание на кое беше презентиран и усвоен наративниот и финансискиот извештај за 2021 година. Настанот се реализираше кај нашите пријатели во Музејот на Фондот на Холокаустот. Во свечениот дел на собранието беа доделени благодарници на поединци и институции кои дадоа придонес и поддршка во реализација на програмите и активности на Црвен крст на град Скопје за 2021 година. Благодарници добија:
Хазрад Омар, Цветанка Несторовска, Др. Кристина Трајчева Шинделар, Др. Марија Мицевска, Тамара Брнзевска, Limak Skopje Luxury Hotel, Silk Road Bank, ОКТА а.д. Скопје, Макстил, QSI International School of Skopje.
Уште еднаш искажуваме благодарност до сите нив и продолжуваме заедно и во 2022 година.