2025-09-22
Gaming hub/ Гејминг центар за млади
Младите бегалци како и млади од локалното население континуирано го посетуваат Gaming hub/ Гејминг центар – инклузивно и креативно место за учење, дружење и забава.
Центарот овозможува пристап до компјутерски игри, едукативни содржини и тимски активности, со цел да се поттикне социјализација, дигитална писменост и психосоцијална поддршка.
Истиот е отворен во рамките на партнерството помеѓу Црвен крст на град Скопје и UNHCR-Skopje Агенцијата на ОН за бегалци, во ДХО Даре Џамбаз.