Пребарувај по датум:
2024-10-21

Gaming Hub / Гејминг центар за млади

Во рамките на партнерство помеѓу Црвен крст на град Скопје и UNHCR-Skopje, Агенцијата на ОН за бегалци, во ДХО „Даре Џамбаз“ отворен беше Гејминг центар за млади – ангажирачка едукативна средина која нуди можност за користење на слободното време на младите бегалци, баратели на азил и млади од локалното население.

Центарот е опремен со 10 гејмерски компјутери со соодветен софтвер, игри и периферни уреди и во рамки на активностите ќе се реализира програма за дигитално слободно време спроведена од страна двајца едукатори за дигитални содржини.

Во него ќе се нудат едукативни содржини, унапредување на дигитални вештини, но тој има за цел исто така да ја поттикне  креативноста на младите, тимската работа, стратешкото размислување преку медиумот на игри, а и да ја олесни интеграцијата и да го подобри менталното здравје на ранливите категории млади луѓе во македонското општество, вклучувајќи ги бегалците и барателите на азил.

Проектот е поддржан од Службата за иновации при УНХЦР преку Фондот за дигитални иновации.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.