Пребарувај по датум:
2014-09-01

ФОРУМ ТЕАТАР

Во рамките на проектот за превенција од семејно и полово насилство финансиран од Високиот Комесаријат за бегалци на Обединетите Нации – УНХЦР со седиште во Скопје, Р. Македонија, поддржан од Младиот Отворен Фонд и имплементиран од Црвениот крст на град Скопје, како и минатата така и оваа година во периодот од 22-30 Август 2014 г. во Струга се одржа осумдневна работилница на повеќе теми – комуникациски вештини, стереотипи, предрасуди, насилство помеѓу врсници и примена на техниката Форум Театар.

Групата беше составена од 30 учесници младинци (10 младинци од минатогодишниот Форум Театар и 20 нови младинци) на восраст од 11 – 23 години од заедницата на бегалците од Косовската криза, сместени во Шуто Оризари и останатите општини на град Скопје. Работилницата ја реализираше едукатор – стручно лице задолжено за активностите при што ја користеше техниката на Форум Театар. Цели на работилниците беа : Подобрување на комуникациските вештини, превенција од насилство, разбирање и надминување на предрасудите, препознавање и заштита од насилството во сите облици, проактивно однесување во средината. Во последниот дел од работилницата се работеше на процесот во Форум театарот – влегување од страна на публиката, јакнење на улогата на антагонистот, барање решенија за превенција од насилството во приказните, како и разработка на евентуалните ризици за време при изведбата на Форум театарот. Активностите ќе продолжат со реализација на 6 Форум претстави на тема превенција на насилство помеѓу врсници и дискриминација во општеството од кои две во Скопје, две во Куманово и две во Тетово. 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.