Пребарувај по датум:
2024-07-16

Fiaccolata

Во период од 19- 22 јуни во Солферино, Италија се одржа првиот состанок за Млади лидери од Европа и Јужна Азија на кој присуствуваа и двајца претставници од Црвен крст на град Скопје. Преку организирани работилници, дискутирани беа различни теми со активно учествуво на сите млади.

Како дел од настанот, во чест на основачот на Црвениот крст, Анри Динан, беше организирана 12 километарска поворка со факели- Fiaccolata,  на која учествуваа околу 8 000 волонтери на Црвен крст од целиот свет. За сите младинци кои ја следат мисијата и се дел од движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина, ова беше неверојатно искуство кое донесе многу спомени и нови пријателства како и дополнителна мотивација за волонтерска ангажираност.

Оваа година се навршуваат 165 години од битката кај Солферино, а воедно уште една причина за посетата беше прославата на 160 години од формирањето на Италијанскиот Црвен крст.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.