Европска недела на мобилност
Градот Скопје прв пат оваа година ја одбележува европската неделата на мобилност.
Целта на целата манифестација е создавање на услови и промовирање
на алтернативни начини на превоз и намалување на користење на моторни возила, особено во централно градско подрачје.
Планирана е програма која ќе трае цела недела, од 16 до 22 септември. Црвен крст на град Скопје како долгогодишен партнер на градот Скопје се вклучи во обезбедување на дел од настаните.
Наши волонтери ја обезбедуваа велосипедската тура во Аерoдром и Карпош, натпреварот за деца во велесипедизам, пешачка тура до Матка, подршка на лица со тешкотии во движење во прошетка од Плоштадот до Градскиот парк.
На плоштадот Македонија беше поставен пункт за мерење на крвен притисок и шеќер во крвта и се делеа здравствено превентивни материјали, совети за здрав живот и потреба од движење и рекреација .
Исто така Црвен крст на град Скопје се вклучи и во обезбедувањето на турнирите во одбојка на градска плажа, велосипедските трки, турнирите во мал фудбал, турнирите во кошарка, обезбедување на пешачката тура до Милениумски крст, обезбедувањето на манифестацијата Бели ноќи пред Мајка Тереза.
Исто така беше обезбедено дежурство на спасителната станица на Матка, Водно како и на жичницата.