Европска конференција за миграции и престој во Центарот за сместување од затворен тип-Осло, 13-14 октомври
Европска конференција за миграции и престој во Центарот за сместување од затворе тип-Осло, 13-14 октомври
Од 13-14 октомври во Осло се оддржа Европска конференција за миграции и центри за сместување од затворен тип. Конференцијата беше организирана од страна на Меѓународен Комитет на Црвен крст со канцеларија во Париз, Норвешки и Шведски Црвен крст. Освен претставник од Црвен крст на Р.Македонија на конференцијата земаа учество и претставници од Бугарски Црвен крст, Британски Црвен крст, Хрватски Црвен крст, Црвен крст на Естонија, Фински Црвен крст Црвен крст на Литванија, Црвен крст на Малта, Црвен крст на Холандија и Шпански Црвен крст. Целта на истиот беше споделување на искуства во ова област како и иницирање на дополнителни проценки во некои од Националните дружтва со цел развивање на активности во самите центри. Црвен крст на Р.Македонија е присутен во центрот Гази баба со здравствена заштита за овие лица, психосоцијална поддршка базирана на индивидуалниот пристап, хуманитарни асистенции како и поддршка во воспоставување на семејни врски.