2022-05-19
Екскурзија на Водно со корисниците од дневните центри за стари лица
Во рамките на програмата ,, Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови “ при Црвен крст на град Скопје по повод заедничко дружење и прошетка на ден 13.05.2022 лицата во трето доба го искористија убавото сончево време за посета на жичницата Милениумски крст на Водно каде се реализираа и Чи конг вежби за релаксација.
Црвен крст на град Скопје ја сака и негува природата, ваквите активности се од големо значење за корисниците на овој сервис и е одличен пример за здраво и активно стареење.